МК Сцена
Трајче влезе во финалето на шоуто „Пинкови ѕвездички“
Македонскиот претставник во шоуто „Пинкови ѕвездички“, Трајче Георгиев и во вечерашната полуфинална емисија ги воодушеви сите со својот неверојатен вокал, па заслужено доби позитивни коментари од жирито.
Трајче повторно успеа да предизвика емоции кај публиката и жирито. Со изведбата на песната „Impossible“, нашата мала ѕвезда уште еднаш покажа дека заслужено се најде меѓу 16-те полуфиналисти.
-Ти си господин човек и тоа е твојата прекрасна одлика, рече Јелена Томашевиќ.
-Трајче многу ми се допаѓа како пееш. Ти си некој кој умее да предизивика емоција и јас се надевам дека публиката тоа ќе го препознае, му рече Милан.
-Беше прекрасен, те сакам многу, беше коментарот на Гоца.
-Од самиот почеток беше еден од фаворитите, а вечерва даде многу енергија, рече Хари.
Линиите за гласање беа отворени вчера. Гласањето ќе трае без прекини се до 26-ти месецов кога е финалната вечер. За нашиот Трајче да се најде во финалето, но и да победи, гласајте со праќање на порака со содржина GAL 7 на телефонскиот број 141345.