Трагедија на концерт на Тревис Скот: 8 починати и стотина повредени во стампедо
Најмалку осум лица загинаа, а стотина се повредени за време на стампедо на концертот на Тревис Скот на фестивалот Астроворлд во Хјустон.
Шефот на локалната пожарникарна служба, Семјуел Пења, изјави дека дошло до метеж кај предниот дел од бината и избувнала паника меѓу посетителите. Во тие моменти на бината настапувал американскиот рапер Тревис Скот, кој го основа фестивалот во 2018 година.
Седумнаесет лица биле пренесени в болница, од кои 11 имале срцев удар и од нив осуммина починале. Околу 300 имаат повреди како исекотини и модринки. На концертот имало околу 50 илјади посетители.
По трагичниот настан, се огласи и познатиот рапер.
Тој во својата изјава вели дека е погоден од случувањата и дека сочувствува со семејствата на починатите, исто така објаснил дека им стои на располагање на властите за што побрзо да се расветли случајот.
— TRAVIS SCOTT (@trvisXX) November 6, 2021
На фестивалот присуствувале и неговата бремена девојка Кајли Џенер, нивната тригодишна ќерка Сторми и сестрата на Кајли, Кендал Џенер.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат вознемирувачки сцени.
Fans just broke through the fence to get into #AstroWorldpic.twitter.com/mpi70ZzTOs
— XXL Magazine (@XXL) November 5, 2021
??#ASTROWORLDFest: Dozens injured during ongoing events at Astroworld Fest in Houston
EMS Report:
– 50+ concert goers have been transported to nearby hospitals
– Injury reports include:
• Overdose
• Heat exhaustion
• Alcohol poisoning
• Compressive asphyxiation pic.twitter.com/MCnyoJvAFU— Intel Point ALERT (@IntelPointAlert) November 6, 2021
Настапите закажани за оваа сабота се откажани по смртоносното стампедо.