МК Сцена
Трагична вест – почина диригентот Саша Николовски – Ѓумар
Уште едно големо име ја напушти македонската сцена, сосема неочекувано. Почивај во мир, Саша Николовски – Ѓумар. Беше беше познат македонски диригент и добитник на награди за врвни музички остварувања и достигнувања.
Роденво Битола во 1966 година, Саша Николовски е еден од најдобрите македонски диригенти. Во 1995 година го формирал оркестарот за современа музика „Синтезис“. По неговите студии во Русија, во 1996 започнал редовна соработка со Хорот и Оркестарот на ФМУ во Скопје, Младинскиот камерен оркестар на Музичка младина на Македонија, Македонската опера и балет, Македонската филхармонија, Македонскиот камерен оркестар иансамблот „АЛЕА“, настапувајќи на Охридско лето, Хераклејски вечери, Мајски оперски вечери, Прилепско лето и Штипско лето.
Во 1999 магистрирал со највисоки оцени на Академијата „Панчо Владигеров“ во Софија, каде што учел оркестарско диригирање со Васил Казанџиев и оперско диригирање со Боби Хинчев. За неговата работа со ансамблот за современа музика „Св. Софија“, во 2001 година е добитник на наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на фестивалот „Денови на македонска музика“.
Саша Николовски настапувал во Унгарија, Романија, Бугарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Од 1998 на Факултетот за музичка уметност предаваше хорско и оркестарско диригирање, Оперско студио и група предмети од областа на диригирањето.
Вечна му слава!