МК Сцена
Трамп ја помилува затвореничката за која се залагаше Ким Кардашијан
По средбата со Ким Кардашијан во Белата куќа, Доналд Трамп ја помилува жената за која старлетата се залагаше.
Ѕвездата од реалните шоуа се сретна со претседателот на САД и со неговиот советник и зет Џаред Кушнер за да побара укинување на затворската казна на 63-годишната Елис Џонсон. Таа во 1996 година е осудена на доживотен затвор за трговија со дрога и перење пари, откако сите нејзини 15-мина соучесници сведочеле против неа.
– И покрај минималната улога на Џонсон во „кокаинскиот синџир“, таа ја доби највисоката казна, изјави нејзината адвокатка Британи Барнет.
Сега поранешната затвореничка е со своето семејство во градот Алисон, Алабама, откако вчера беше ослободена од казната.
– Многу сум благодарна на Доналд Трамп, Џаред Кушнер и сите кои покажаа разбирање и овозможија да се случи овој бесценет момент за г-ѓа Елис Џонсон. Ова значи надеж и за многу други како неа, коишто заслужуваат втора шанса, напиша Кардашијан на Твитер.