Сцена
ТРАМП: Луѓето поради мене повторно викаат „Среќен Божик“
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер се пофали дека Американците, поради него, повторно ја користат фразата „Среќен Божик“.
Трамп верува дека токму тој е одговорен за тоа што Американците повторно си честитаат еден на друг Божик.
„Луѓето повторно, гордо велат Среќен Божик. Горд сум што сум предводник на промените против нападите на нашата сакана и преубава фраза MERRY CHRISTMAS, порача Трамп на Твитер.
Претходно Трамп тврдеше дека Американците се помалку го користат зборот „Божик“, бидејќи не било политички коректно, па попрво честитаат со „Среќни празници“.