Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТРИ ДЕНА ВО ДУХОТ НА МОДАТА: Вчеравечер се затвори 14. издание на Моден викенд Скопје

МК Сцена

ТРИ ДЕНА ВО ДУХОТ НА МОДАТА: Вчеравечер се затвори 14. издание на Моден викенд Скопје

По три дена и дванаесет модни ревии во „Скопје Мериот хотел“ есенското издание на Моден викенд Скопје го затворија креаците на дизајнерката Ирина Тошева.

Последната модна вечер започна со групната ревија на курсистите по моден дизајн од Центарот„Кариера Плус“ : Радица Лазова, Оливер Атанасов,Ева Заева, Асмира Абази и Ивана Арсовска.

– „Балансот во нештата е главната инспирација за колекцијата реализирана под менторство на Ирина Тошева. Симетрија и асиметрија, совршено и несовршено, ред и хаос, шаренила и монохроматско, добро и лошо, топло и ладно … 15 приказни од 5 млади дизајнери.“, велат од „Кариера Плус“ кој е специјализиран центар за креативни и практични курсеви од областа на мода и убавина и како таков е единствен во Македонија.

db2c4108db2c3682db2c3644db2c2798db2c3921db2c2842db2c3315
<
>

Марија Трајанова која работи под брендот „Марсин“ дебитираше со колекцијата „Million voices“.

– „Секогаш кога создавам нова креација го користам тој внатрешен глас кој често се менува и мене ми звучи како милион различни гласови од кои настана и оваа колекција.“, вели Трајанова.

Креациите на Евгенија Зафировска наречени „ Black Feedback“ беа презентирани со моден перформанс поддржан од „Пакомак“.

Дизајнерката Ирина Тошева чијашто десетта јубилејна ревија на Моден викенд Скопје ја поддржа „Avicena“ за својата колекција ќе рече„ Еден нејзин пердув може да осветли и спаси цел град. Таа е благослов, но може да донесе и несреќа на оној кој ќе ја фати. Жар-птицата живее во приказните од словенскиот фолклор, а нејзината потрага е пресликана во новите креации“.

Редакцијата на Теа Модерна ја прогласи Јована Филиповиќ за најдобар дизајнер на четиринаесеттиот Моден викенд Скопје а за најдобра манекенка Христина Јанеска од модната агенција „Подиум“.

 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.