Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тринаесет модни ревии за претстојниот Моден викенд Скопје

МК Сцена

Тринаесет модни ревии за претстојниот Моден викенд Скопје

Тринаесет модни ревии, презентации на нови брендови и забава под маски се само дел од програмата на тринаесеттиот Моден викенд Скопје кој ќе се одржува од 1 до 4 април под мотото „Да живеат осумдесеттите!“.

Ревискиот дел кој ќе се одржува од 1 до 3 април во салонот „Порше Македонија“ ќе го отвори дизајнерката Росица Мршиќ со колекција инспирирана од женските ликови од портретите на сликарот Амадео Модилјани.

Истата вечер на 1 април, ревии ќе имаат и дизајнерките Олгица Ѓоргиева со парчиња облека кои ги следат светските модни трендови споени со нејзиниот веќе познат стил и Силвија Михајловска (модно ателје Алшар) поддржана од „Скопско“. Колекцијата на Михајловска наречена „Sakura (In)Fusion“ ќе биде надополнета со рачно изработен накит инспириран од колецијата а дизајниран од Елена Ристовска. Веднаш по ревиите во „Порше Македонија“ ќе следува и забава под маски со музички хитови од осумдесеттите.

Вториот ден ќе започне со групна ревија на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет на РМ, на тема „Шари и текстури“. За прв пат на настанот ќе се претстави дизајнерката Тијана Младеновиќ од Србија, која доаѓа преку соработката на Моден викенд Скопје со српската модна организација „БАФЕ“. Следуваат ревиите на модната куќа „Линеа“ и брендот „Elezi Paris“ чии креации ги потпишува дизајнерката Флора Елези од Париз. Елези која има македонско потекло дипломирала на престижниот универзитет Сорбона. За крај на втората вечер ќе ја видиме колекцијата на Ирина Тошева поддржана од „My:Time“ и Министерството за култура на РМ. Колекцијата која Тошева ја изработи во соработка со архитектот Никола Кунгуловски, ја екстрахира геометријата на највпечатливите везови од минатите столетија.

Време е за осумдесеттите! (1)

Последниот ревиски дел ќе го отвори групна модна ревија на косовските дизајнерки Флутура Дедиња и Јилка Брада која пред македонската публика ќе се претстави за прв пат. Дијзанерките се поддржани од „КАМА“ и „USAID EMPOWER“. Најновата колекција на „JZJ by Zlatko Jovanovski“ која го носи името „ JZJ’S Kingdom“ веднаш по ревијата ќе биде пратена во Лондон кадешто креациите ќе бидат достапни во салон од кој најчесто креации изнајмуваат ВИП личности.

Третиот ден ќе ја видиме и „Bocho Chic“ колекцијата на дизајнерот Никола Петровски со која годинава одбележува 20 години од својата прва ревија – поддржана од „ПроМедикаЕстетик“ и ревијата на „SIGMA Jewelry“ кои се познати по уникатниот накит. Тридневното ревиско случување ќе го затвори познатата дизајнерка Лидија Георгиева.

Последниот ден на Моден викенд Скопје , 4 април е резервиран за отворањето на новото ателје на дизајнерката Мила Кадриу.

Во фоајето на „Порше Македонија“ ќе бидат изложени и моделите на „Farina’s handmade“, „Fashion&Friends“ кои ќе презентираат инсталација наречена „Fashion Herbarium“ во која впечатливите парчиња од тексас и модните додатоци се прикажани во форма на моден хербариум испреплетени со природни елементи – дрво, зеленило и цветови.

Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа-Бу“ ќе претстави ексклузивен фустан изработен од свежо цвеќе.

„Пакомак“ и Моден викенд ја продолжуваат грижата за природата па така и овој пат сите печатени материјали ќе бидат на рециклирана хартија.

Генерален покровител и официјална вода на настанот е минералната вода „Пелистерка“. Официјален кафе-партнер на тринаесеттиот Моден викенд Скопје е „Гранд Кафе“.

Официјален партнер за шминка сезонава е „Golden Rose“ во соработка со Зоран Шурбевски, а за фризурите ќе се погрижи „Lakme“ како официјален партенр за фризура. Официјалниот дерма бјути партнер е „Vichy”. Официјално возило на настанот е „Porsche“, официјално вино е „Chateau Sopot “ , шампанско “Moet”а официјална водка „Finlandia“. Партнер кој се грижи за нашето здравје „Merz“. „ Ла Тана“ – новиот ресторан за свадбени веселби е нашиот стар кетеринг партнер.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.