Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Турнејата на Хари Стајлс меѓу првите 10 на сите времиња

Сцена

Турнејата на Хари Стајлс меѓу првите 10 на сите времиња

Британскиот музичар Хари Стајлс има изведено дури 169 концерти како дел од неговата „Love on Tour“ во последните 23 месеци. Последниот концерт го одржа во Италија. Социјалните мрежи се преполни со видеа од неговите концерти, а сега се знае и колку Хари заработи од оваа турнеја.

Имено, 29-годишниот музичар со турнејата заработил 590 милиони долари (530 милиони евра), со што неговата турнеја е една од најдобрите десет на сите времиња. Го слушаа околу 4,7 милиони фанови. Тој беше рангиран на четвртото место на табелата Billboard Boxscore, пред U2 и Ед Ширан кој имаше турнеја што траеше од 2017 до 2019 година.

Елтон Џон е на врвот на листата со турнеја која му донесе 900 милиони долари. Одржал 330 концерти. Оваа листа ги вклучува и Guns N’ Roses, Coldplay и The Rolling Stones.

Најголемите женски ѕвезди Бијонсе и Тејлор Свифт се на турнеја оваа година, па се очекуваат значителни промени во листата. Според некои претпоставки, Тејлор треба да стане првиот уметник чија заработка од турнејата надмина една милијарда долари. Слична претпоставка има и за турнејата на Бијонсе.

Тејлор со еден концерт на турнејата заработува 13 милиони долари, а лудоста по нејзините влезници е огромна. Исто така, се зема предвид и фактот дека билетите денес се поскапи од пред неколку години. Просечната цена за концерт на Тејлор Свифт сега е околу 250 долари.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.