Сцена
Турскиот актер Мурат Јилдирим го прослави првиот роденден на неговата ќерка Мирај
Шармантниот актер Мурат Јилдирим, кој на македонската публика ѝ е познат како Картал од серијата „Мирисот на љубовта“ на Dizi, на својот профил на социјалните мрежи ја сподели радоста за првиот роденден на неговата ќерка.
Срдечната објава привлече широко внимание од неговите обожаватели. Мурат ја изрази својата среќа објавувајќи семејна фотографија и напиша: „Денес нашата Мирај наполни една година. Среќен роденден, наше мало ангелче. Сите години да ти бидат здрави и среќни“.
Иако на екран сме навикнати да го гледаме Картал вљубен во Селин (Меријем Узерли), во реалноста Мурат e веќе осум години среќно оженет со преубавата мароканска актерка Иман Елбани, со која во минатото на екранот дури беа и колеги. Оваа прекрасна двојка им е омилена на многу љубители на турските серии и сите беа радосни кога тие станаа родители за првпат и на светот ја донесоа својата ќерка Мирај.
Нивната љубовна приказна е исто толку романтична и магична како и онаа на Селин и Картал. Во „Мирисот на љубовта“ животот на убавата Селин која живее и работи во парфимерија во Франција засекогаш се менува кога го запознава Картал, кој е на службен пат од Турција. Лудо вљубувајќи се, парот поминува неколку прекрасни денови заедно, но тој евентуално мора да се врати во Истанбул, иако и ветува дека ќе се врати. Но, она што Селин не го знае е дека тој чува една огромна тајна од неа.
Обожавателите на љубовната приказна на Селин и Картал можат да ја гледаат серијата „Мирисот на љубовта“ секој ден од 18:20 часот на Dizi.