Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Турскиот режисер Каан Муждеџи ќе ја прими наградата „Златен Манаки“

МК Сцена

Турскиот режисер Каан Муждеџи ќе ја прими наградата „Златен Манаки“

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола и Културниот центар „Јунус Емре“ од Скопје вечер во киното „Синеплекс“ организираат проекција на турскиот филм „Сивас“.

Повод е наградата „Златен Манаки“ која првпат е доделена за најдобар филм во новата фестивалска програмата „СЕЕ Камера“, а ја доби режисерот на овој филм Каан Муждеџи.

Поради неможноста да биде во Битола на неодамна завршениот фестивал „Браќа Манаки“, режисерот Муждеџи денеска ќе ја прими статуетката „Златен Манаки“, која ќе му ја врачи уметничкиот директор на ИФФК, Благоја Куновски-Доре. Тој ќе биде гостин на проекцијата на „Сивас“ и ќе и се обрати на публиката.

„Сивас“ е турско-германска копродукција од 2014 година, прв долгометражен игран филм на Муждеџи, кој е автор и на сценариото, а  е и продуцент на филмот. Претходно има режирано неколку кратки и документарни филмови. Кинематографери на филмот се Армин Диролф и Мартин Солванг.

Одлуката за наградата ја донесе жирито на програмата „СЕЕ Камера“, во состав: Маја Богојевиќ, филмски критичар, Диомидес Никитас, продуцент од Кипар и Мирослав Момчиловиќ, режисер од Србија.

– „Сивас“ е храбар и иновативен филм кој непретенциозно се фокусира на љубовта помеѓу дете и куче, преку потресен портрет на едноставниот дневен живот во турско село, со контрасти на детските невини игри и несогласувањата со алчноста на возрасните. Ја покажува хуманоста во најдобро и во најлошо издание, образложи жирито за својата одлука.

Филмот досега има над десет награди на фестивали, меѓу кои и Специјална награда од жирито во Венеција.

Гостувањето на режисерот Муждеџи во Македонија е на покана на институтот „Јунус Емре“, со чија соработка  годинава на ИФФК гостинка  беше и Хатиџе Аслан, една од најпознатите турски актерки. Таа беше  член на  жирито на програмата „Нов европски филм“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.