Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Турскиот уметник Омер Фарук Текбилек ќе го отвори 38. Скопско лето

МК Сцена

Турскиот уметник Омер Фарук Текбилек ќе го отвори 38. Скопско лето

Богата програма за сечиј вкус со над 50 содржини ќе понуди 38. издание на Скопско културно лето кое ќе биде отворено со концерт на еден од највлијателните турски музичари и композитори кој живее и работи во САД маестро Омер Фарук Текбилек

Елизабета Кузмановска, член на Извршниот одбор на Скопско лето на денешната прес-конференција информира дека жителите, но и посетителите на Скопје во летните месеци ќе уживаат и ќе можат да изберат да присуствуваат на 20 концерти, осум претстави, три промоции на книги и 10 филмски проекции во кафе-киното кое годинава ќе се одржува во прекрасниот амбиентален простор на Сули ан.

Таа се заблагодари на повеќе амбасади во Скопје за соработката во организирањето на манифестацијата на која ќе настапат над 100 уметници на отворените сцени низ градот, како што се плоштадите, Старата скопска чаршија, а поддршка имале и од институциите од областа на културата како МОБ, МНТ, Драмски театар, КИЦ и други.

Коце Трајановски градоначалникот на Град Скопје кој заедно со Министерството за култура е покровител и финансиер на манифестацијата, истакна дека и оваа година ќе биде понудена квалитетна и уште подобра програма во однос на претходните години.

Тој ги повика скопјани, туристите и посетителите во градот да присуствуваат на бројните културни настани што ќе можат да ги посетат во наредните 40 топли летни денови.

– Би сакал да ги поздавам сите уметници, артисти доаѓаат од 16 земји и сите останати кои ќе придонесат за организрање на Скопско лето. Воедно, голема благодарност до сите амбасади кои помагаат во организирањето на овогодинешното Скопско лето. На крајот можам да заклучам дека ќе имаме топло, жешко и содржински богато Скопско лето , рече Трајановски.

Митко Стефановски Директорот на Дирекцијата за култура и уметност, која го организира Скопско лето, посебно се заблагодари на Турскиот културен центар во Скопје – Институт „Јунус Емре“ со чија помош успеале да го донесат Текбилек, врвен уметник во светски размери кој, според него, со својата музика ќе ја одбележи годинешната програма и ќе остави белег и за сите идни години во Скопје како едно исклучително музичко доживување.

Токму затоа, посочи, и не случајно е одбран Текбилек да го отвори со својот настап овогодинешното Скопско лето.

Текбилек кој присуствуваше на прес-конференцијата истакна дека лично се чувствува пресреќен за присуството во Скопје и можноста да одржи свој концерт.

– Лично во мојата уметничка кариера се убедив, а верувам и вие го делите мислењето дека музиката е нјадоброто нешто што може да не сплоти и да не здбили сите нас. Посебно сум почестен што ќе го отворам овој фестивал кој со уметноста и музиката ќе ги зближи сите луѓе без оглед на јазикот и етничката припадност, рече Текбилек.

Тој најави дека со својот ансамбл пред скопската публика ќе изведе колаж од својот репертоар во кој ќе доминираат романтичната и фолклорната музика.

Пред настапот на Текбилек на улицата „Македонија“ светки реномираната американска уметница со потекло од БиХ Едина Селесковиќ ќе ја постави инсталацијата „Мисли слобода“.

Таа на прес-конференцијата истакна дека станува збор за уметничла инсталација која успеала да соедини многу млади луѓе, уметници, архитекти кои на скулптури ги поставуваат своите пораки и размисли за тоа што за нив значи слободата.

Проектот којшто го започнала во 2015 година во Сарњево, треба да гостува низ градови во 36 земји во светот, а ќе биде заокружен со негова презентација во Њујорк во 2020 година.

– Задоволна сум што светската турнеја многу добро поминува. На илјадните скулпури што сега ги имаме има пораки од луѓе за тоа што точно тие скулптури им значат. Во Скопје ќе разговарам со учениците во неколку средни училишта во Скопје што значи слободата за нив, ќе ги соберам нивните пораки, а потоа ќе ги поставам на мини-скулптури во Скопје и ќе ги понесам на гостувањата низ 30 градови и земји во Европа, Азија, Латинска Америка и Австралија. Сите тие ќе бидат презентирани во 2020 година во Њујорк, на тој начин децата од сите тие различни земји ќе бидат симболично заедно и ќе го пребесеме нивниот глас пред светот. Ве повикувам да ја погледнете инсталацијата, но и да ја доживете и ги споделите своите размисли за слободата со нас, рече Селесковиќ.

Вториот ден на Скопско лето ќе биде во знакот на словенечката култура и уметност со која ќе бидат одбележани Денот на државноста на Словенија и 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Словенија.

Како што информира словенечкиот амбасадор во Македонија Милан Јазбец, програмата ќе содржи изложба на словенечката стрип-сцена со дела од седум истакнати словенечки стрип-автори која вклучува втемелени автори, но и дела од младата генерација, а концерт ќе одржи и култниот словенечки рок кантавтор Зоран Предин со неговиот бенд во подмладен состав „Лачни Франц“.

– За две години Скопско лето и Зоран Предин ќе слават јубилеј 40 години од своето делување. Предин со својата музика и делување отвораше простор за критика на поранешната држава и го навести нејзиниот распад, приватизацијата…, рече Јазбег.

Програмата на овогодинешното Скопско лето ќе се одвива на 18 локации и простори во Скопје, како што се театри, ликовни галерии, музеи, Старата скопска чаршија, Сули ан, централното гардско подрачје кои во летниот период се претвораат во летни сцени.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.