Сцена
ЊУЈОРК ЗАБЛЕСКА: Вчеравечер се доделија МТВ Видео музичките награди (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Вчеравечер во Медисон Сквер арената во Њујорк се одржа доделувањето на МТВ Видео музичките награди.
Ултимативен победник на вечерта беше Бијонсе, која од 11 номинации, дома понесе дури 8, меѓу кои оние за видео на годината, најдобар видеоспот во женска категорија и најдобар поп видеоспот.
Бијонсе ја потврди оваа доминација и по изненадниот настап кој го најави нејзината блиска другарка, тенисерката Серена Вилијамс. Квин Би, како што милуваат да ја наречат фановите, изведе компилација на песни долга 17 минути, меѓу кои „Pray You Catch Me,” „Hold Up,” „Sorry,” „Don’t Hurt Yourself” и „Formation”, од нејзиниот актуелен албум „Lemonade“.
Инаку, нејзиното доаѓање на црвениот тепих заедно со ќеркичката Блу Ајви ќе биде нешто за кое долго ќе се зборува.
Во продолжение погледнете официјална фотогалерија од црвениот тепих во Њујорк:
Ова е настапот кој ги одбележа МТВ наградите:
Иако изгледаше дека вечерта беше посветена на Бијонсе, наградите всушност беа посветени на Ријана, која ја освои престижната награда „Michael Jackson Video Vanguard“ која и ја додели никој друг, туку Дрејк, кој и самиот освои награди за најдобар хип-хоп артист.
Дрејк пред цел свет призна дека е заљубен во Ријана од своите 22 години, а непосредно пред наградите Дрејк и го честита успехот на Ријана со тоа што постави огромен билборд со порака закачен на една зграда во Лос Анџелес. Со ова само се потврди озборувањето дека Ријана и Дрејк се во врска.
Бритни Спирс имаше голем „кам бек“ на сцената на МТВ, и тоа дури после 10 години и со хип-хоп ѕвездата Џеј Изиџем премиерно ја изведе песната „Make Me…” од својот нов, 10 по ред, студиски албум „Glory”. Нив ги најави единствената Ким Кардашијан Вест, а во текот на вечерта на бината се појави и нејзиниот сопруг, Канје Вест. Тој уште еднаш приреди „Канје момент“, овојпат преку монолог за своите колеги, а после тоа следуваше ексклузивна премиера на неговиот нов сингл „Fade“.
Што се однесува за наградата за најдобро видео во машка категорија, наградата ја доби Калвин Харис за спотот на песната „This Is What You Came For“ која ја сними во соработка со Ријана, а текстот го напиша Телјор Свифт.
Девојките од Фифт Хармони освоија награда за најдобра летна песна – „All In My Head“, а нивната втора награда беше во категоријата најдобра соработка, за песната „Work From Home“.
Во продолжение погледнете како изгледаше сцената во Њујорк: