Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Љубовта пред тест во Капитол Мол

МК Сцена

Љубовта пред тест во Капитол Мол

Љубовни предизвици, интригантни прашања и тестирање на љубовта. Да се предизвика саканиот е несекојдневна авантура која преку ноќ станува популарна секогаш кога се наближува средината на најочекуваниот месец во годината, февруари.

Секоја долга врска има и своја забавна страна, а и оваа година Капитол Мол не изостана тоа да го покаже на најдобар начин. Од 4ти до 14ти февруари, таква беше атмосферата која деновиве преовладуваше во Капитол Мол, каде сите вљубени парови имаа можност да си постават љубовен предизвик и да пробаат да одговорат точно на поставените прашања.

На 11ти февруари голем број на парови застанаа пред “судот” на љубовниот квиз во Капитол Мол, каде беше разоткриена и вистината и љубовта.

Сите минувачи како и пријавени парови беа дел од несекојдневна забава, каде некои успешно, а некои не толку успешно ги исполнија љубовни предизвици по повод празникот Свети Валентин, со објавување на заедничка фотографија на Instagram и Facebook во рамката на поставените срциња низ внатрешноста на молот. Сите вљубени партнери имаа можност да се предизвикаат меѓу себе и да дознаат дали се познаваат колку што се и сакаат.

Симболично, на денот на вљубените, на трите парови со најмногу освоени поени им беа доделени интересни и вредни подароци, додека атмосферата во молот беше збогатена со слатки изненадувања и музичките хитови од DJ Mats.

Најсреќниот вљубен пар кој го освои првото место ќе ужива во романтичен викенд во Банско, вториот пар на романтична вечера во Campione Cafè и третото место го делеа два пара на кои им беа доделени срциња пици од Pizza Hot.

Иновативните изненадувања се секојдневие во Капитол Мол, а што е следно – останува само да почекаме.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.