МК Сцена
Ултимативен музички викенд за вистинските љубители: Морисеј и Апокалиптика во Скопје!
„Авалон продукција“ со гордост ви го најавува исклучителниот музички настан Ultimate music weekend, со два големи концерта што ќе се одржат на 16 и 17 октомври- на легендарниот Morrissey и светската атракција „Apocalyptica“, во Скопје.
Ова е навистина ретка можност за македонските фанови и оние низ целиот Балкан, да бидат дел од ваков несекојдневен настан, на концертите на фронтменот на легендарните „The Smits“, кој важи за еден од најголемите музичари на сите времиња и кој за првпат ќе настапи во Скопје, како и експлозивната светска метал атракција „Apocalyptica“.
Steven Patrick Morrissey со легендарните „The Smits“ сними четири култни албуми, кои денес се наоѓаат во сите можни музички енциклопедии, додека со неговите 10 соло-албуми, тој секогаш е на врвот на сите музички топ-листи. Речиси три децении по „The Smits“, неговиот последен студиски албум „World peace is none of your bussines“, предизвика толку голем интерес во светски рамки, што еден од највлијателните музички магазини „New musical express“ објави специјален број посветен на Morrissey и го прогласи за уметник што има најдобра и најдостоинствена кариера од сите кои предходно имале бенд.
Интензивниот, гласен и експлозивен метал- бенд од Финска доаѓа во рамки на светската турнеја на која го промовираат актуелниот албум „Shadowmaker“.
Осмиот студиски албум на групата е објавен е на 17 април и содржи 10 нови песни и за прв пат го вклучува вокалот Franky Perez со бендот настапува во живо на оваа турнеја.
Влегувањето на Perez во „Apocalyptica“ претставува значеаен чекор за бендот. За прв пат имаат само еден вокал на цел албум што на песните му дава цврст и препознатлив звук различен од претходните албуми.
Oва е второ гостување на „Apocalyptica“ во Скопје, после настапот во 2006 година на скопското лизгалиште, исто така во организација на „Авалон продукција“, кога се уште не беа толку глобално популарни. „Авалон продукција“ е организатор на концертот на „Apocalyptica“ и ден претходно во Белград.
Билетите за концертот на Morrissey се прилагодени според македонските стандарди, по цена 1000 денари за партер, 1200 денари за трибина и 1500 денари за фан-пит (само 500 влезници), и можат да се набават преку продажната мрежа Купи Карти За Се за Македонија и глобалната мрежа Евентим за сите фанови на Morrissey од целиот регион.
Билетите за „Apocalyptica“, пак, се по цени од 700 денари за партер и 900 денари за трибина.