МК Сцена
УЛТИМАТИВНА ЖУРКА НА СРЕДНО ВОДНО: Solomun и H.O.S.H. на 2 септември во Скопје
На 2-ри септември во Скопје на Средно Водно гостува најбараниот диџеј кој изминативе години е заштитен знак на островот Ибица, Solomun а него друштво ќе му прави H.O.S.H.
Билетите за забавата се пуштени во продажба во Излет кафе, Кино Карпош, Радио бар, Југотон и mktickets.mk. лимитирани се по цена од 600 денари кои можете да ги набавите во Излет Кафе, Кино Карпош и Радио Бар,останатите се по цена од 800 денари и на врата ќе бидат 900 денари.
Solomun одигра важна улога во ре-дефинирањето на Европската house сцена со своите продукции, ремикси и DJ сетови, целосно реконструирајќи ги темелите на house-от и дефинирајќи ги со нов, модерен звук. Solomun е почитуван андерграунд DJ и продуцент веќе години наназад, а неговата популарност доживува стратосферски размери од 2012 година кога Mixmag Magazine го прогласи за DJ на годината!
Неговата успешна приказна на Ибица започна во 2013 со неговата, сега веќе позната „Solomun+1“ резиденција во Pacha, која стана настан кој не смеете да го пропуштите секоја недела навечер. Од 2015 година започна неговиот втор резиденцијален концепт „Solomun+live“ кој се базира на дневни забави со гости, исклучиво live-acts. Solomun сака да работи во студио и да продуцира, но неговата љубов кон диџејството е очигледна за секој кој некогаш присуствувал на неговите журки ширум светот.
Неговото гостување во Boiler Room на почетокот на 2015 година стана најпопуларниот Boiler Room сет на сите времиња, со преку 8 милиони прегледи. Solomun не се плаши да ја поведе својата публика на иновативно патување со музиката. Кога станува збор за неговиот стил, може да се дефинира како комбинација на енергија, длабочина и емоции. Solomun еднаш рече: „Луѓето имаат емоции, зошто да не ги покажат на подиумот?“. Страста за музиката на Solomun е поврзана и со label-от Diynamic и 2DIY4 и Diynamic Radio шоу проектот кој се емитува успешно во преку 30 земји.