МК Сцена
Ураганот „Heidi“ ветува луда журка утре во МКЦ
Ураганот HEIDI, жената која во последната декада стигна до висока позиција, всушност лидер во презентација на најквалитетна андерграунд хаус и техно музика доаѓа во Скопје на забава која е закажана на 5-ти ноември, сабота, во МКЦ со почеток од 23 часот.
– “Јас доаѓам од подиумот, сакам да играм, за мене е разочарувачки кога си заминуваш од журката без добар и силен впечаток од неа, едноставно се трудам секој мој сет да заврши со нешто што ќе се памти и раскажува“ има изјавено Heidi за Independent.
Како диџеј има настапи на сите континенти, од фестивали до највлијателни клубови како „Watergate“ во Берлин, „Fabric“во Лондон, но работи и како уредник на емисијата „Residency“ на глобално популарното „BBC radio one“.
Таа го живее сонот на секој диџеј на планетата.