Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

УРБАН ТАГ: Каква е македонската субвенционирана музика?

МК Сцена

УРБАН ТАГ: Каква е македонската субвенционирана музика?

Лавина реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика објавувањето на песната и видео-записот за композицијата „Аманет“ на Симеон Иванов – Канго, која ја субвенционираше државата со 4500 евра преку програмата за поттикнување на домашната забавна и народна музика. Канго тврди дека постапката за избор е транспарентна и дека државата му ја спасила кариерата.

„Моите дела ќе умреа, ако не беше ова последново, „Аманет“. Заради „Аманет“, јас сум на судот на честа! Зошто?! Па ти најди ми некој друг што направил повеќе од мене! Најди ми и јас одма хари-кири ќе извршам!.“, изјави Канго.

Членот на жири-комисијата од третиот квартален циклус за 2015 година вели дека Законот има правни недостатоци бидејќи не се прецизирани критериумите за оценување.

„Една од недоследностите на законот е тоа што кога се испраќа композиција во категоријата „Ѕвезди“ не се испраќа демо-синмка. Сакам јавноста да знае дека ние немаме достап до тие демо снимки кои ѕвездите ги испраќаат. Тоа е оставено на нивно согледување и нивна одлука.“, изјави Коста Карев.

Изведувачот Фисник Ристеми вели дека средствата не се доделуваат праведно.

„Да дадеш некому 9000 евра, а јас ти барам за комплет албум и еден клип 1800 евра, односно, околу 100 илјади денари, а тие воопшто не те земаат во предвид. Мислам дека тоа е чиста дискриминација.“, рече Ристеми.

Во 2013 година, Собранието донесе закон за поддршка на домашната музичка продукција, чии цели се стимулирање на македонската забавна и народна продукција, но и борба против како што го нарекуваат социолошкиот феномен турбо-фолк културата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.