МК Сцена
УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНКА ВО ШЕСТИОТ КРУГ: Мартија Станојковиќ воодушеви во „Пинкови ѕвездички“
11-годишната кумановка Мартија Станојковиќ повторно го воодушеви жирито во Пинкови ѕвездички.
Таа ја изведе песната „Влак“ на Зана и со сите 5 гласови се пласираше во понатамошниот дел од шоуто.
Јелена и рече: „Јас не знам до каде ќе расте таа љубов кон тебе, од емисија во емисија таа е сè поголема. Ме воодушевува и начинот на кој пееш, се однесуваш и зрачиш. Браво, маестрално“, а Милан додаде: „Убива на место. Светски изглед“.
Во продолжение, погледнете ја преслатката и преталентирана Мартија во ова видео од пред неколку години- ќе ве насмее до солзи.