МК Сцена
Уште едно евровизиско финале без Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Македонија повторно без среќа на изборот за песна на Евровизија.
На вчерашното второ полуфинале на кое настапи нашата претставничка Јана Бурческа, и покрај блескавиот настап и симпатиите во публиката, сепак таа ја немаше среќата да се пласира во финалната вечер.
Таа со едноставен стајлинг, модерна песна и сама на сцената (односно со мало бебенце во стомакот) блесна на евровизиската сцена.
За изненадувањето на гледачите во Македонија да биде уште поголемо, тимот на македонската делегација решил преку воведната шпица за нашата земја да најави дека Јана наскоро ќе стане мајка, а потоа во текот на шоуто, во таканаречената „зелена соба“, момчето на Јана, Александар, ја запроси пејачката пред целиот европски аудиториум.
Ова ќе остане запаметено како прво запросување во живо во шоуто Евровизија.
Инаку, синоќа за настап во финалната вечер се изборија претставниците на Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.
Во продолжение погледнете го настапот на Јана: