МК Сцена
Уште само два дена влезници за Мерлин за 1200 денари
Уште само денес и утре, влезниците за концертот на Дино Мерлин закажан за 28 март во Скопје, се по цена од 1200 и 900 денари. Веќе од четврток, влезниците за трибина (освен блок 1 и 15) ќе бидат по цена од 1500 денари. А оние за стоење 1000 денари.
Тимот на Дино Мерлин од Скопје, презадоволен од продажбата на влезниците, на сите кои што планираат да бидат дел од овој концерт во сабота, им најавува навреме да се упатат кон спортскиот центар Борис Трајковски затоа што се очекува голема гужва. Вратите на арената ќе бидат отворени во 19 часот, почетокот на концертот е закажан за 21.00.
За да и овој концерт изгледа онака како што изгледаа сите концерти на Мерлин во регионот, неговиот тим со себе носи најсовремена техничка опрема благодарение на која овој концерт ќе биде поинаков од се што досега сме виделе во спортскиот центар Борис Трајковски.
Хотел „Национал“ е албумот поради кој босанскиот волшебник закажа нова концертна средба со македонската публика. Песни и звук со кои што покажува вистинска музичка зрелост, се собрани на едно ЦД кое е единственото од регионов што се најде на елитната Билборд листа.
Освен песните од последниот албум, Мерлин нема да пропушти можност во еден глас со македонската публика да ги отпее и рефрените кои што ја бележат неговата кариера.
И оние малку влезници кои што остануваат во продажба, можете да ги најдете на стандардните продажни места: Југотон ГТЦ, Камарад Рамстор, Цвеќара Розе – Веро 2, Камарад – Веро, продажните салони на ONE и продажната мрежа на МК Тикетс.