Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утре големо финале на Икс Фактор Адриа: Џејмс Артур ќе настапува во Комбанк Арената

Музика

Утре големо финале на Икс Фактор Адриа: Џејмс Артур ќе настапува во Комбанк Арената

Утревечер во Белград, во познатата Комбанк Арената ќе се одржи суперфиналето на втората сезона на музичкото шоу Икс Фактор Адриа.

Во финалната емисија за победа ќе се борат шестмина, меѓу кои и нашиот претставник, Боби Мојсовски. Освен титулата Икс Фактор ѕвезда, миленикот на публиката ќе освои и парична награда во износ од 20 илјади евра.

Покрај настапите на финалистите, нѐ очекуваат и многубројни изненадувања, со оглед на тоа дека покрај светската ѕвезда Џејмс Артур, ќе настапат и други специјални гости.

Членовите на жирито Масимо Савиќ, Александра Ковач, Жељко Јоксимовиќ и Тончи Хуљиќ се возбудени за големото финале.

– „Подготвивме посебни изненадувања за оние кои ќе го следат величественото финале“, велат судиите на познатиот телевизиски формат.

Подготовките за утрешното шоу веќе се при крај, а во ревијалниот дел ќе настапи и Јелена Розга која премиерно ќе ја презентира новата песна ” Кралица”.

– „Се радувам што новата песна премиерно ќе ја изведам во финалето на најголемото музичко натпреварување на овие простори. Немам пропуштено ниту една емисија од шоуто и навистина ми е драго што ќе бидам дел од овој спектакл. Песната која ќе ја изведам ја потпишуваат моите долгогодишни соработници Тончи и Вјекослава Хуљиќ и сигурна сум дека ова лето сите жени ќе танцуваат и ќе уживаат како вистински кралици“, изјавила Розга.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.