МК Сцена
„Утринците“ се враќаат со нова сезона на Телма
Овој понеделник, 3 септември, стартува третата сезона на емисијата „Утринска на Телма“. Марко, Елена, Гоце и Цеце по неколкумесечна пауза почнуваат ново дружење со публиката, овој пат во поинакво студио и со поразличен концепт од претходно.
Новиот концепт на емисијата ќе има неколку промени, а „утринците“ велат дека и оваа година ќе внесат позитивна енергија, добри вибрации, многу лудории, музика и незаборавни заеднички мигови.
– „Нашата публика ќе ја поздравиме на 3 септември во 8 часот со нова, малку различна сценографија, а во текот на сезоната ќе вклучме и нови рубрики кои ќе ја надополнат шареноликата тв-програма. ‘Утринскиот градски информатор’ се надеваме ќе даде поинаков почеток и динамика на денот. Во текот на неделата ќе имаме гостување од најпопуларните македонски јутјубери со кои
веруваме ќе донесеме многу смеа кај младата и повозрасната публика. Ќе имаме и нови соработници кои ќе имаат свои редовни рубрики. Нашиот соработник Димитар останува со уште подобри музички содржини и новитети во ‘Утринска алтернатива’, а тука ќе биде и Јосиф кој ќе дава одговори на прашањата на гледачите“, велат тие за Репортер.мк