МК Сцена
Василичарски концерт во МОБ
Македонска опера и балет, традиционално и оваа година го организира концертот Василица, настан кој е еден од најпопуларните меѓу публиката.
На 12-ти јануари, со почетокот во 20 часот, на сцената на Македонска опера и балет, ќе биде изведен традиционалниот Василичарски концерт.
Како и сите години наназад, и оваа година, концертот има своја тематика. МОБ оваа година ги слави заборавените традионални македонски песни, а воедно ќе бидат изведени и најпопуларните македонски традиционални песни. Покрај оркестарот на МОБ, на сцената вокално ќе настапи Андријана Јаневска, а дирегент е Бисера Чадловска.
За композициите кои ќе бидат изведени на овој концерт, композиторот Илија Пејовски изработи нови аранжмани, режисер на концертот е Љупка Јакимовска.
Билети се во продажба на билетарницата на МОБ, како и онлајн на веб страната на МОБ mob.mk. Новина поврзана со билетите е можноста да се купат и во ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат, преку системот karti.com.mk, се со цел, билетите за МОБ да бидат подостапни до љубителите на уметноста.