МК Сцена
ВЕЧЕР ЗА УЖИВАЊЕ: Ал Ди Меола одржа два концерта во Скопје (ВИДЕО)
Македонската опера и балет беше претесна за сите љубители на светскиот виртуоз на гитара Ал ди Меола кој вчеравечер, едноподруго, одржа два концерти во Скопје.
Ди Меола важи за еден од најголемите светски и најнаградувани гитаристи на сите времиња, а се враќа во Скопје по пауза од речиси 10 години.
Тој пред македонската публика се претстави со музика на „Битлси“, Пјацола, како и со негови авторски песни, а публиката имаше можност да ја слушне и песната „Cerreto“ за која рече дека ќе се најде на неговиот нов албум, кој ќе биде промовиран догодина.
Ал Ди Меола на сцената беше придружуван на гитара од Пео Алфонски и Питер Казас на тапани и перкусии, а на самиот крај на сцената им се придружи и Македонецот Тони кој со својата хармоника ја збогати хармонијата во музиката на гитарите.
Инаку, огромен е списокот на музичари со кои овој виртуоз свирел: Пако де Лусија, Лари Кориел, Карлос Сантана, Тони Вилијамс, Стиви Вондер, Франк Запа, Стив Винвуд, Вејн Шортер, Џими Пејџ, Стив Ваи, Лучано Павароти, Пол Сајмон, Фил Колинс…
Ал Ди Меола во Скопје настапува вторпат, а пред неколку години одржа концерт и на Антички театар во Охрид.