Сцена
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
Вечерва започнува 68-то издание на Изборот за песна на Евровизија!
Вечерашното полуфинале ќе го отвори натпреварот во кој ќе учествуваат 37 земји од Европа и Австралија. Скандинавската земја ја има честа да биде домаќин на натпреварот по трет пат во 11 години по иконската победа на Лорин во Ливерпул во мај 2023 година со нејзината песна „Tattoo“. Ова е трет пат евровизискиот циркус да запира во Малме.
Ќе бидат изведени 15 песни, но само 10 ќе се квалификуваат за големото финале во сабота. Шоуто започнува во 21:00 часот по средноевропско време, во живо од Малме Арена во Шведска. Домаќини се Петра Меде и Малин Акерман.
Во првото полуфинале ќе настапат:
1. Кипар – Silia Kapsis – „Liar“
2. Србија – Teya Dora – „Ramonda“
3. Литванија – Silvester Belt – „Luktelk“
4. Ирска – Bambie Thug – „Doomsday Blue“
5. Украина – Alyona Alyona & Jerry Heil – „Teresa & Maria“
6. Полска – Luna – „The Tower“
7. Хрватска – Bejbi Lazanja – „Rim Tim Tagi Dim“
8. Исланд – Hera Björk – „Scared of Heights“
9. Словенија – Raiven – „Veronika“
10. Финска – Windows95man – „No Rules!“
11. Молдавија – Natalia Barbu – „In The Middle“
12. Азербејџан – FAHREE feat. Ilkin Dovlatov – „Özünlə Apar“
13. Австралија – Electric Fields – „One Milkali (One Blood)“
14. Португалија – Iolanda – „Grito“
15. Луксембург – TALI – „Fighter“
Директни финалисти се Велика Британија, Италија, Германија, Франција, Шпанија и овогодинешниот домаќин Шведска, а сите ќе ги изведат своите нумери и во полуфиналето, така што публиката покрај малите екрани и во двете полуфинални вечери ќе има можност да ги слушне сите песни.
Вечерва пред публиката од земјите членки на големата петорка ќе се претстават Велика Британија, Германија, како и Шведска.
Вториот полуфинале е во четврток, додека големото финале е закажано за сабота на 11 мај.