МК Сцена
Вечерва на плоштад Македонија ќе светне ѕвезденото небо на Тоше
Музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ по осми пат ќе се одржи во Скопје.
Настанот ќе почне во 19 часот и 30 минути на плоштадот „Македонија“. Традиционално, хепенингот е во чест на последниот концерт на Тоше одржан во Скопје пред осум години.
Целта е, како што велат од фанклубот на Тоше Проески, заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да создадат „ѕвездено небо“ во негова чест, водени од максимата на Тоше „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”.
Годинава, покрај неговите познати хитови фановите ќе можат да чујат и досега необјавена песна на Тоше.