Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вечерва првото полуфинале од Евровизија

Музика

Вечерва првото полуфинале од Евровизија

Првото полуфинале на 61. избор за „Песна на Евровизија“ ќе биде одржан денеска во „Глоуб арената“ во Стокхолм, а жирито и публиката од 18 земји  ќе изберат десет финалисти. 

Оваа година, блогадарејќи на победата на Манс Зелмерлов со песната „Heroes“, Евровизија ќе се одржи во Шведска. Ова е веќе третпат Стокхолм да е домаќин на најгледаниот музички натпревар во Европа.

На овогодинешното музичко натпреварување ќе учествуваат вкупно 41 земја од Европа и Австралија, а нашата претставничка Калиопи ќе настапи на втората полуфинална вечер со песната „Дона“, под реден број осум.

Во првото и второто полуфинале ќе се претстават по 18 земји, од кои во финалето ќе продолжат по 10 кои ќе освојат најмногу гласови од публиката и стручното жири.

Вкупно 20 земји ќе се придружат на постојаните учесници во финалето – Германија, Шпанија, Велика Британија, Италија и Франција, како и земјата која е домаќин – Шведска.

Во првото полуфинале ќе настапат претставниците на Финска, Грција, Молдавија, Унгарија, Хрватска, Холандија, Ерменија, Сан Марино, Русија, Чешка, Кипар, Австрија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Исланд, Босна и Херцеговина и Малта.

Во второто полуфинале, освен нашата претставничка, ќе се натпреваруваат и изведувачи од Летонија, Полска, Швајцарија, Израел, Белорусија, Србија, Ирска, Литванија, Австралија, словенија, Бугарија, Данска, Украина, Норвешка, Грузија, Албанија и Белгија.

Начинот на гласање оваа година е изменет во однос на досегашниот систем. Стручното жири и гледачите од секоја земја ќе доделат одделен збир поени од 1 до 8, односно 10 и 12. Откако гледачите ќе гласаат од своите телефони, по СМС, но и користејќи ја официјалната апликација, презентерите од 42 земји учеснички ќе се вклучат во програмата, како и досега, но ќе ги соопштат поените само од професионалното петчлено жири. По соопштувањето на резултатите од жирито, гласовите од публиката ќе се искомбинираат, давајќи на секоја песна одреден број бодови. Поените од гледачите ќе ги соопштат водителите на манифестацијата, почнувајќи од земјата која добила најмал бропј поени од публиката, па се до земјата која добила најмногу гласови.

Како што наведуваат од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) на овој начин ќе се добие ново ниво на возбудување за стотината милиони гледачи ширум Европа и светот.

Сите гласови, и оние од публиката и од жирито ќе бидат достапни после натпреварот на сајтот Eurovision.tv.

За фаворит во обложувалниците важи рускиот претставник Сергеј Лазарев.

Водители на овогодинешниот Евросонг, чија финална вечер ќе се одржи на 14 мај, ќе бидат Манс Зелмерлов и Петра Меда.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.