Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вечерва „Скопје за Боуви“ во Градскиот парк во Скопје

МК Сцена

Вечерва „Скопје за Боуви“ во Градскиот парк во Скопје

Под мотото „Скопје за Боуви“ во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи деветтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“. 

Годинашното издание е посветено во чест на британската музичка легенда Дејвид Боуви.

Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Емин Џијан, придружен од Женскиот хор при МКЦ, со почеток од 21 часот во Градскиот парк во Скопје, ќе изведе некои од најголемите хитови на Боуви.

Како што е најавено, своите сликарски вештини на платно ќе ги претстават уметниците Агрон Абдули и Ивана Младеновска, а за фановите на британскиот пејач ќе бидат поделени 20 илјади бесплатни примероци од книгата „Психоделија во предградието – Дејвид Боуви и уметничката лабораторија во Бекенам“ од Мери Финиган.

Настанот е финансиски поддржан од Минстерството за култура, Град Скопје и Македонски Телеком.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.