Настани
Вечерва во Лос Анџелес се доделуваат Златните глобуси
Во Лос Анџелес денеска ќе биде одржано 73-то доделување Златни глобуси, престижни филмски награди на холивудското Здружение на странски новинари.
Главен конкурент е лезбејската романса „Керол“ во која се зборува за стара омажена жена која се заљубува во млада продавачка. Филмот има најмногу – пет номинации, меѓу кои за најдобра драма, главна женска улога, за која може да се надеваат Кејт Бланшет и Руни Мара и за најдобар режисер – Тод Хејнс.
Покрај Керол, во игра во категоријата драма се и психолошкиот трилер Соба, драмата за педофилијата во Католичката црква – Spotlight и акцискиот трилер Побеснетиот Макс:Автопатот на бесот.
Во категоријата комедија/мјузикл фаворит е Облог на векот, кој има четири номинации.
Кога станува збор за телевизиски остварувања, најмногу номинации имаат сериите Фарго, Mr. Robot, Оutlander, Transparent, American crime и Wolf Hall. Домаќин ќе биде британскиот комичар Рики Жерве.