Музика
Вечерва започнува „Сигет“ фестивалот со настапот на Роби Вилијамс
Сигет фестивалот, неодамна награден со епитетот „најдобар голем фестивал во Европа“ започнува вечерва со настапот на мегапопуларниот Роби Вилијамс.
Во програмата на седумдневниот фестивал освен Роби Вилијамс своето присуство веќе го потврдија и: Florence and the Machine, Ellie Goulding, Avicii, Martin Garrix, Rudimental и многу други.
Иако фестивалот официјално има пет фестивалски дена, и два дена за загревање, фактот што токму на првиот ден публиката ќе ја загрее Роби Вилијамс, се потврдува богатата понуда и големата забава која оваа година ќе ја има на Островот на слободата.
Според официјалните најави, Будимпешта е подготвена да биде домаќин на над 100.000 гости од цела Европа, меѓу кои и илјадници фанови од Македонија.
Екипата на Популарно.мк ќе ве известува за сите случувања од најголемиот европски фестивал, Сигет 2015!