Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вечерва завршува „Пивофест“ во Прилеп

МК Сцена

Вечерва завршува „Пивофест“ во Прилеп

Манифестацијата „Пивофест“ во Прилеп денеска влегува во завршницата и ова е последниот четврти фестивалски ден. Се очекува кулминација на фестивалската забава и на посетеноста, соопштија денеска на прес-конференција организаторите, локалните власти и невладината „Центар за граѓански иницијативи“.

– Вечер ќе биде кулминацијата на годинашниов фестивал. Се очекува да се срушат сите досегашни рекорди на посетеност. За забавата на гостите од земјава и од странство ќе се погрижат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин. Ги очекуваме гостите од сите страни, како впрочем и изминатите три фестивалски вечери, рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Според организаторите, вчерашниот фестивалски ден беше за паметење.

– Со големата забава на музичките ѕвезди Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ, градот беше преполн со гости. Имаше околу 100.000 гости и фестивалската вечер помина мирно и без никакви инциденти. Сообраќајот се одвиваше без проблем. Плоштадот и 30-ината штандови со пиво и скара беа претесни да ги примат посетителите, објасни Ристески.

Фестивалот ќе заврши со спектакуларен огномет, а утре организаторите ќе ги сумираат бројките од „Пивофест 2015“ – во изедена скара, испиено пиво и во бројот на посетеноста во сите четири фестивалски дена.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.