МК Сцена
Великаните од диџеј-сцената, GREEN VELVET и ERICK MORILLO конечно во Скопје!
Фановите на електронската музика, на 16 јуни на Скопско лизгалиште ги очекува единствениот целовечерен настан SOUNDBOX кој ексклузивно и прв пат во Македонија претставува двајца великани од американската диџеј сцена!
Со реноме кое гарантира префинет електронски звук и извонредно музичко доживување, на SOUNDBOX доаѓаат: ексцентричниот GREEN VELVET – еден од водечките техно и хаус диџеи во светот познат по култните нумери „Flash“, „La La Land“, „Answering Machine“ и бројни хитови кои го дефинираа техно жанрот; како и херојот од денс музиката ERICK MORILLO – платинестиот добитник на престижни награди, основач на легендарната Subliminal Records и врвен светски промотор на сите стилови на хаус музиката.
Покрај нив, во листата на изведувачи за овој настан се запишуваат диџеите АЛЕКСАНДАР МИСКОСКИ и МАЦИ СТОЈАНОВИЌ кои, на единствената забава која вкупно ќе трае повеќе од 6 часа, ќе го претстават звукот на домашната електронска сцена.
SOUNDBOX настанот во организација на Password Production и EEMM Group, ќе се одржи на 16 јуни на Скопско лизгалиште, со почеток во 22:00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 21:30 часот.