Сцена
Венчаницата на Меган Маркл ќе чини 500.000 фунти
Се дознаваат сѐ повеќе детали за венчавката на принцот Хари и актерката Меган Маркл, што ќе се одржи оваа година, на 19 мај, во капелата Св. Џорџ.
Според неофицијални информации, на свадбата ќе бидат поканети околу 600 гости, а на прославата по венчавката околу 300 одбрани затоа што младите закаат поинтимна свадба.
Целиот трошок околу свадбата ќе падне на товар на кралското семејство – 0дносно трошоците за музика, цвеќе и самиот прием на гостите.
Медиумите пишуваат дека венчавката ќе чини 500.000 фунти, додека Меган сама ќе си го плати фустанот кој ќе го носи на венчавката, исто како што тоа го направила Кејт во 2011 година.