МК Сцена
„ЅВЕЗДИЧКИ“: Мина Блажев воодушеви со песна од Џејмс Браун (ВИДЕО)
Покрај слатката Александра, новата сезона на „Пинковите ѕвездички“ ја одбележа и уште една натпреварувачка која доаѓа од Македонија, пишува порталот ТВ Пакет.
Мина Блажев е 13 годишна скопјанка која судејќи по првиот настап, очигледно си ја разбрала задачата која и претстои во еден ваков натпревар. Сигурна во себе, со глас кој растура и стајлинг соодветен на песната „It’s a man’s man’s man’s world”, беше она што Мина ја однесе директно во вториот круг од натпреварувањето, добивајќи ги одеднаш сите пет гласа на жирито.
– Совршено, професионално, одговорно, точно, автентично – беше коментарот на Леонтина, по појавувањето на нашата Скопјанка.
– Ако го цитирам Хари, тогаш ќе кажам дека ако те споредиме со сите претходни, ова не е петка, туку чиста десетка – искоментира Гоца, а благодарност на Македонија за талентите кои ги испраќа на овие шоу програми, упатија и Јелена Томашевиќ и Сергеј Четковиќ.
Mina Blažev – It’s A Man’s Man’s Man’s World by PinkoveZvezdiceTV
Како и жирито, така и ние со нетрпение очекуваме што следно ќе ни подготват младите надежи на македонската музичка сцена, веќе во следниот круг.
До тогаш, очекуваме нови македонски кандидати веќе во следната емисија на Сител и “Ѕвездичките на Пинк”.