Настани
ЅВЕЗДИТЕ НА ЕГЗИТ ЕДНОГЛАСНИ: „Ова беше магичен фестивал!“
И се случи магија!
Фестивалското лудило на Петроварадин заврши, но импресии никако не стивнуваат. Едно е сигурно – и посетителите, но и настапувачите беа фасцинирани од магичното 16-то издание на најдобриот европски фестивал Егзит.
Францускиот хитмејкер Дејвид Гета, кој од тврдината директно отпатува во Париз на затворањето на Европското првенство во фудбал, на крајот на шоуто рече „Фала ви Егзит, секогаш сум уживал овде, но оваа година сте подобри од било кога!“.
Хенри Саиз кој во петокот ја затвори Денс арената, не можеше да го сокрие воодушевувањето од фестивалот:
– „Ова беше еден од најзначајните моменти во мојата кариета. Без зборови сум. Совршена публика, совршено место. Фала ви Србија!“
Соломун кој беше миленик на фестивалската публика го стори истото веднаш по неговиот настап на Денс арената, кој напиша:
– „Толку многу љубов!!! Ми се наежи кожата;) Денс арената на Егзит е дефинитивно најдобра за журкање!“
И момците од составот на Бастил споделија слика од бекстејџот, додека Д Ваксинс го искористија убавото време да го прошетаат Нови Сад.
И Ели Голудинг си постави слика од настапот на Егзит на нејзиниот фејсбук профил, а Ники Ромеро ги поздрави фановите со пораката „Лудило!! Вие сте тотално луди! Како сега ќе направам подобра журка од оваа?“.
И екипата на Популарно.мк воодушевена и со богати импресии и спомени се врати од магичната Петроварадинска тврдина, а како што изгледаше преку нашите фотографии и видео прилози гледате на нашата официјална фејсбук страница!