МК Сцена
ВИДЕО: По 10-ти пат доделени наградите „Најпопуларни 2015“
По десетти пат Телевизија Орбис и продукцијата Видео мозаик ги доделија признанијата Best brand Interantional и најпопуларни 2015.
Во една гламурозна атмосфера во ресторанот Гранд Премиер беа доделени 20 признанија на поединци, институции и компании кои оставиле неизбришлива трага во целокупното живеење не само во Битола и Пелагонија туку во цела Македонија.
На десеттото јубилејно издание, овој пат проширено , Best brand International и најпопуларни за 2015 година, ТВ Орбис и продукцијата Видео Мозаик ги доделија признанијата на поединци и компании кои оставија неизбришлива трага во 2015 година. Манифестација која стана препознатлива и индикатор на општерствено политичките случувања во земјава Во свечена и гламурозна атмосфера во ресторанот Гранд Премиер Битола во присуство на бројни гости беа доделени 20 признанија на оние кои ја оствариле значителни успеси во претходната година, а кои успеаја да ги препознаат гледачите на ТВ Орбис, посетители на веб страницата Best brand international како и релевантни фактори . Годинава манифестацијата имаше поианков концепт . Best brand International што подразбира континуитет во следењето на работатат на поединци и компании во различни категории.
„Млади луѓе, сонувајте и работете на големо. Соништата, работата и успехот одат заедно“ порача проф. Д-р Ванчо Чифлиганец генерален директор на градежната компанија Адора инженеринг добитник на признанието за животно дело за 2015 година. Високо признание кое е сатисфакција, но и голема обврска и во иднина да продолжи со посветена работа и нови професионални и животни потфати додаде тој.
Во листата на наградените бест бренд и најпопуларни за 2015 се најдоа и следните добитници:
ББ ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА Савана СКОПЈЕ,
ББ БАНКА – СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА,
ББ ТРГОВИЈА НА МАЛО – ЖИТО МАРКЕТИ ВЕЛЕС,
ББ МЕСНА ИНДУСТРИЈА – ВЕЗЕ ШАРИ ЛЕКЕР ТЕТОВО
ББ ЗДРАВА ХРАНА , ЗДРАВ ЖИВОТ – ZEGIN HELTY FOOD,
ББ МАШИНСКА ИНДУСТРИЈА- АРИЉЕ МЕТАЛ – СКОПЈЕ
НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ СВ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ БИТОЛА,НАЈПОПУЛАРНА ОПШТЕСТВЕНО ОДГВОРНА КОМПАНИЈА – СОКОТАБ БИТОЛА,
ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПО ИЗБПР НА ГРАЃАНИТЕ – КЈП НИСКОГРАДБА,
ОПШТИНА БИТОЛА- ГРАД НА ФИЛМОТ ВО УНЕСКО,
ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР – УНАПРЕЕУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИ КАПАЦИТЕТИ,
ОПШТИНА ЛИДЕР ВО ИСКОРИСТЕНИ СРЕДСТВА И ПРОЕКТИ – ОПШТИНА НОВАЦИ,
ББ ПРВА БАНКА СО СТРАНСКИ КАПИТАЛ – КАПИТАЛ БАНКА ,
ББ ВИСОКООБРАЗОВНА ИНСТИТУЦИЈА – ТЕХНОЛОШКО- ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ВЕЛЕС ВО РАМКИ НА УКЛО БИТОЛА
НАЈУСПЕШНА ГРУПАЦИЈА СО 70 ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА – АУТОМАКЕДОНИЈА,
ББ ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА – ХЕМОМЕТАЛ БИТОЛА,
ББ ИНВЕСТИЦИЈА ВО ГОВЕДАРСКА ФАРМА И БИОГАСНА ЦЕНТРАЛА- ЗК ПЕЛАГОНИЈА И ПЕЛАГОНИЈА ЕНЕРЏИ,
НАЈПОПУЛАРЕН СПОРТИСТ- АКАДЕМИЈАТА ЗА БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ ЗА НЕД ДО.
Наградените добија плакета и статуетка. Како и пртходните години и оваа, наградите беа збогатени со ликовни бисери од Малиот битолски Монамартр.
Манифестацијата беше збогатена со настапот на младите грандови ѕвезди, Ален Хасановиќ и Филип Божиновски.
Десетгодишната традиција на доделувањето на признанијата најпопуларни и почетокот на една нова приказна нречена бест бренд интернешенел ќе продолжи и понатаму . Конкуренцијата беше голема , наградите за бест бренд се доделени по исклучително високи стандарди. Дел од компаниите кои ги освоија гласовите во различни категории ќе ги добијат своите признанија во друга прилика. Межу нив се Битолската мелакара, Реском Ресен, Штедилница фулм, Васидора Прилеп, Систина офталмологија, Семос едуакција, Лозар Битола.
Бест бренд интернешенел најпоипуларни за 2015 година , манифестација која граѓаните ја нарекуваат Битолски оскари, уште еднаш ја оправда потребата од постоењето една вакава манифестација која долго ќе остане во сеќавањата не само на добитниците туку и на останатите гости и самиот организатор.