Музика
Виенските хотели го креваат цените поради Евровизија
Хотелите во Виена поради одржување на манифестацијата Евровизија во овој град ги зголемија цените и тоа за дури 50 отсто.
Секој, кој во периодот на одржување на Евросонг планира да престојува во Виена ќе мора ноќевањето да го плати мошне поскапо од вообичаеното.
Слободни кревети во хотели се уште има, но цените се зголемени за повеќе од 50 отсто, покажува истражувањето, кое го спроведе виенскиот весник „Естерајх“.
Соба во хотелот „25 hours“ на 23 мај, кога е финалето на Евровизија чини дури 300 евра, што е 180 евра повеќе од вообичаеното.
Во мотелот „One“ во близина на Операта во периодот од 13 до 20 мај на вообичаените цени на собите се наплаќаат дополнителни 51,45 евра дневно, а меѓу 21 и 23 мај дури дополнитлени 72,30 евра.
Кога станува збор за хотели од висока категорија, на пример хотелот „Сахер“ сите соби од пониска категорија се распродадени и останаа слободни само апартманите, кои чинат 915 евра.