Сцена
Вин Дизел: Ќе има десет продолженија на „Брзи и бесни“
Откако Џејмс Ван, режисерот на одличните „Брзи и бесни 7“, се повлече од понатамошното снимање, продуцентската куќа Универзал имаше проблеми со наоѓање на режисер.
Очигледно и дека на Џастин Лин, кој ги режираше продолженијата од третиот па до шестиот дел на серијалот, малку му е доста, па ни тој не беше заинтересиран за враќање во високооктанските води, пишува хрватскиот портал „24 сата“.
Но, Вин Дизел има добр вестии. На неговиот официјален Фејсбук профил откри некои значајни информации.
– Фановите на сагата „Брзи и бесни“ се најдобрите во светот. Откако во 2008 година станав продуцент, бевте со мене на секој чекор, давајќи ми значајна поддршка. Ви благодарам, изјави тој.
Тој потоа се осврна на проблемите со режисерот, велејќи дека тој нема намера да режира, затоа што за таквата работа треба внимателно раководење.
– Универзал беше добар кон мене и имаа доверба во мојата визија. Беа како семејство, па ветив деќа ќе одработам уште една трилогија да ја завршам сагата, рече Дизел.
Потоа тој најави дека ќе отрие кои се режисерите во неговата следна објава на Фејсбук, но изгледа размислува за нешто друго, затоа што следната објава беше за бонус материјалот за „Брзи и бесни 7“.