Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ: „Влегов во студио и за три-четири дена го снимив новиот албум“ (ВИДЕО)

МК Сцена

ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ: „Влегов во студио и за три-четири дена го снимив новиот албум“ (ВИДЕО)

Влатко Стефановски денеска на средба со новинарите го претстави новиот албум насловен „Мајчин јазик“, а исто така информираше и за концертната промоција на албумот.

Имено промоцијата на „Мајчин јазик“ ќе почне на 17 март во Македонската филхармонија и концертот ќе претставува заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски.

Како што истакна албумот е мало интимно парче музика, затоа што го размислувал, го мечтаел 20-тина години, но го чекал моментот кога треба да го сними.

– „Tој момент дојде лани на крај на април, почеток на мај, затоа што бев во некакво посебно расположение, со засилени емоции во себе. Влегов во студио и и го снимив за три – четири дена“, рече Стефановски.

Албумот е издание на на „Кроација рекордс“, тој е прв акустичен албум во неговата кариера и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми.

„Мајчин јазик“ доаѓа три години по неговиот последен албум „Сеир“. На албумот има девет инструментални верзии на македонски народни песни, но и теми од опусот на „Леб и сол“. Како бонус песна, која е единствена вокална на албумот, е „Море сокол пие“, која ја изведува заедно со Раде Шербеџија, кој ги пее стиховите на оваа позната македонска песна. Меѓу другите песни се „Бистра вода“, „Успаванка за Радмилу М“, „Јано мори“, „Димитрио, сине Мите“, „Македонско девојче“, како и „Зошто си ме мајко родила“, која е посветена на Стево и Есма Теодосиевски.

Насловот „Мајчин јазик“ го добил поради тоа што според Стефановски постојат работи кои се автентични и кои се наследени, но и работи кои ги стекнуваме со нашето образование и желба за сознавање.

– „Некои работи се природни и ги носиме во себе. Можам да научам и јапонски, но тоа ќе биде научен јазик. Го крстив така, затоа што овие теми ми се мајчин јазик. Јас се обраќам на тој мајчин јазик, се надевам дека добро музички го владеам“, смета Стефановски.

Специјални гости на концертот ќе бидат балканската етно-дива Биља Кртсиќ и членовите на групата „Љубојна“, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски. Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонсктата филхармонија во Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.