МК Сцена
ВО НЕДЕЛА НАВИВАМЕ ЗА МАРТИЈА: Погледнете ја тонската проба од Детскиот евросонг (ВИДЕО)
Во недела на 20 ноември со почеток во 16 часот, Собранискиот канал на Македонската телевизија ќе врши пренос од Детската евровизија, пишува ТВ Пакет.
Македонската натпреварувачка Мартија Станојковиќ е подготвена за неделниот настап, а нејзината „Love will lead our way“ е најпрегледувана песна од сите детски песни на овој натпревар.
Поради забраната од ЗАМП, голем процент на македонската гледачка и слушателска публика не ни ја знае песната која е фаворит – песната на Македонија. Токму поради таа забрана, нејасно е дали МТВ Собраниски ќе го емитува настапот на Мартија во живо додека трае фестивалот и дали таа забрана е причина што Евровизија не оди на главниот канал.
Во секој случај, Македонија е со Мартија! Држиме палци и посакуваме победа. Конечно имаме светска песна, светски вокал и комплетен пакет. Напред, Мартија!