МК Сцена
ВО НЕГОВ СТИЛ: Александар Принц со нова песна – „Шарена банана“ (ВИДЕО)
По пауза од подолго време на сцената повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи на македонската музичка естрада.
Александар Ристовски или на јавноста познат како Принц има нов сингл со наслов „Шарена банана“. Се работи за лично негово музичко остварување, но во соработка со младата и атрактивна пејачка Кали.
– Инспирацијата за оваа песна ми дојде во продавница, гледајќи ги шарените банани тргнати на страна. Обично тие банани се најблаги и вкусни за јадење, но децата не ги сакаат. И така ми дојде идеја да ја персонифицирам обесправената слатка банана, па само ја поврзав приказната со девојка – вели Принц.
За новата тема Принц сними и видеоспот, на кој се потпишува и како режисер, а во видеото покрај него и Кали, се појавуваат и Александар Ванчовски – Џигер на тапани, Јане Тодоровски на бас и Петар Лукиќ на клавијатура.
Со премиерата на синглот се најавува новиот албум кој наскоро ќе биде достапен за превземање од најголемите светски платформи како „Apple iTunes“, „Google Play“ и „Spotify“.