МК Сцена
Во петок започнува петтата сезона на музичката емисија „Стисни плеј“
Со почетокот на месец октомври на програмата на МРТ по кратка пауза се враќа музичката емисија „Стисни Плеј“.
Подновени со ново студио и стариот ентузијазам за промоција и поддршка на домашната музичка продукција, водителите Александра и Марко ќе ги поздрават гледачите овој петок во 20 часот и 15 минути на Првиот канал на МРТ !
– „По четири изминати години во кои максимално се насочивме кон свртување на вниманието на јавноста кон македонската музика, во петтата сезона ќе бидеме уште поселективни, но и критички настроени. Ќе бидеме отворени кон младите и талентирани музичари, но ќе ја користиме и богатата архива на МРТ, па ќе ги потсетуваме гледачите и на македонската музичка историја “ – Александра Јовановска, уредник и водител на „Стисни Плеј“.
– „Навистина се радуваме на новиот студиски амбиент, а гледачите ќе имаат прилика да погледнат и модерно графичко пакување на нашите препознатливи содржини. Во петтата сезона ќе ги задржиме снимените материјали и прилози, но полека ќе преминуваме во музичко ток шоу. Ќе воведеме и топ листа со видео спотови која ќе ја емитуваме секое последно издание на „Стисни Плеј“ во месецот. “ – Марко Марк , водител и соработник на проектот.
Во првото издание на „Стисни Плеј“ ексклузивно ќе бидат објавени учесниците на претстојното издание на Скопскиот фестивал. Гостин во студиото ќе биде уметничкиот директор на фестивалот Љупчо Мирковски .
Се гледаме на Прва !