Музика
Во живо од Виена: Најверните македонски фанови вечерва ќе го поддржат Кајмакоски на Евровизија
Од Виена за Популарно.мк известува Валентина Ѓоргиевска Парго
Непосредно пред вечерашното прво полуфинале, во кое нашиот евровизиски претставник во Штадхале во Виена, Даниел Кајмакоски, ќе се обиде да влезе во финалето на годинешната Еврзовизија, стигнаа и неговите најверни обожавателки.
Тоа се четири прекрасни девојки, од Струга, Скопје и Гостивар, генерациски тука некаде колку Даниел, коие го следеле во живо дури и на Икс фактор.
Возбудени од можноста за првпат да присуствуваат на ваков грандиозен музички поп фестивал, Марина Миноска, Билјана Димитриевска, Цвета Дуковска и Билјана Манаскоска му посакаа многу среќа и успех вечерва:
– „Стискаме палци вечерва на Даниел, македонското знаме за време на неговиот настап ќе се вее највисоко. Нека го следи среќа!“
Тие ќе останат во Виена неколку денови за да ги присутвуваат и на другите евровизиски дружби и забави.
Пред влезот реки луѓе веќе влегуваат во салата каде се одржува Евровизија годинава. А таму со микрофон во рака ги пречекува и Кончита Вурст, но не вистинската Кончита, туку досетливата водителка од Естонија.