Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Водителката на Евровизија откри дека е позитивна на коронавирус откако и се слошило за време на финалето

Сцена

Водителката на Евровизија откри дека е позитивна на коронавирус откако и се слошило за време на финалето

Водителката на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Торино, италијанската пејачка Лаура Паузини (48), откри дека е позитивна на Ковид-19 и всушност поради тоа и се слошило за време на преносот во живо на финалето во саботата вечер.

-Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека тоа е предизвикано од насобран замор, но не било така. Само што дознав дека сум позитивна на коронавирус, поради што сум изолирана и не можам да патувам – напиша таа и додаде дека поради тоа нема да може да учествува на концертот Amor a la Música на Флорида.

Паузини ја водеше Евровизија со Алесандро Кателан (42) и пејачот Мика (38), а за време на гласањето одеднаш исчезна, а подоцна на социјалните мрежи објави дека и е лошо од стрес.

Здравствени проблеми почувствувала во финалната емисија во саботата, а не била во програмата неколку минути бидејќи за малку ќе се онесвестила поради падот на крвниот притисок.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.