Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Волшебната елка ги исполни желбите на 120 дечиња без родителска грижа

МК Сцена

Волшебната елка ги исполни желбите на 120 дечиња без родителска грижа

Водени од идејата дека секој човек, а посебно дете треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници, Црвен крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall , ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа поддржани од а.д. Комерцијална банка и оваа година организираа Новогодишен настан за децата без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.

На 06.12.2018г. децата ги запишаа своите новогодишни желби и заедно со волонтерите на Црвениот крст на град Скопје ги закачија на големата елка поставена во Ramstore Mall, а сите хумани граѓани, нашите партнери и соработници кои ја посетија Волшебната елка, избраа лампион и остварија желба и придонесоа за среќата на некое од нив.

Доделувањето на подароците ќе биде на 27.12.2016 година (четврток) во Ramstore Mall со почеток во 10:30 часот, во присуство на Министерката за Труд и социјална политика г-ѓа Мила Царовска, претставници на Црвениот крст, волонтери, сите донатори, поддржувачи на активноста, граѓани кои помогнаа желбите да станат реалност.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.