МК Сцена
Возбудливиот бенд „Тивери корпорејшн“ ќе го отвори „Скопје колинг 2017“
Приказната со концертната сезона 2017-та продолжува.
Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, „Тивери корпорејшн“ доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот „Скопје колинг 2017“.
Авалон Продукција како и за секој свој избор за концерт во Македонија, секогаш настојува да ги задоволи апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба. Се разбира, заедно со личните апетити и музички вкусови на продукцијата. Така и овој пат се одлучивме за бенд којшто е маестрален во живо и можеби единствениот во светот кој со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика.
Концертот ќе биде на отворено и ќе се одржи на Скопското Кале со почеток од 21 часот.
Влезниците по цена од 990 денари ќе бидат пуштени во продажба од 15-ти мај, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн.
„Тивери корпорејшн“ во Скопје доаѓаат во комплетен состав, со над 20 музичари на сцена. Скопје може да очекува вистински спектакл!