Сцена
За 5 јули закажана крштевката на малата британска принцеза Шарлот
Малечката принцеза Шарлот, второто дете на војводата и војводката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кетрин Кејт Мидлтон, ќе биде крстена на 5 јули, соопшти денеска Кенсингтон палатата во Лондон.
Крштевањето ќе се изврши во црквата Сент Мери Магдален, која се наоѓа на кралскиот имот Сандигам. во англиската област Норфолк.Со кршетавњето ќе раководи надбискупот на Англиканската црква, Џастин Велби.
Принцезата Шарлот Елизабет Дијана од Кембриџ се роди на 2 мај во болницата во лондонскиот кварт Падингтон, каде се роди и нејзиниот постар брат, принцот Џорџ.
Нивниот татко, принцот Вилијам од почетокот на оваа недела се врати на своето работно место, како пилот во специјалната единица за итни медицински интервенции во Источна Англија, од каде отсуствуваше поради раѓањето на неговото второ дете.
Малиот принц Џорџ кој е трет во редот на претендентите за британскиот престол, на 22 јули годинава ќе наполни две години.
По повод најавата за крштевањето на малечката Шарлот, објавена е кралска фотографија на тројцата идни британски кралеви, заедно со кралицата Елизабета, која повеќе од 63 години е на престолот.
На заедничката фотографија со кралицата се престолонаследникот Чарлс, неговиот син Вилијам и внукот на Чарлс и правнукот на кралицата Елизабета, принцот Џорџ.
Снимката е направена по кршевката на Џорџ, во 2013 година и претставува прва таква фотографија по 120 години.