МК Сцена
ЗА КРАЈ НА АВАЛОНСКАТА КОНЦЕРТНА ГОДИНА: Бајага, Прљаво Казалиште и Ареа во Скопје
Авалон Продукција реши да ја затвори историската 2016 година со својот последен проект All You Need Is Love.
По многу светски имиња и концерти во Скопје, оваа година за прв пат, на едно место, ќе се собери најдоброто во областа на поп рок музиката во последните 20 години и тоа ни помалку ни повеќе, со три целовечерни концерти на едно место – Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа – имиња кои го претставуваат најдоброто во својата област, во земјите од кои доаѓаат.
Сите три бенда ќе настапат со целовечерни концерти од по 90 минути. Авалон се потрудија оваа вечер да има специјално отворање во вид на најдоброто од Екатерина Велика, со проектот Deca iz vode/EKV Tribute band project.
Манифестацијата ќе трае минимум 6 часа и ќе биде едно комплетно бегање од реалноста за сите нас, на 3-ти декември 2016 година во Вип Арена. Токму тој датум, ќе биде идеална вечер да се соберат сите генерации на едно место, за да го видат и да го слушнат најдоброто од регионот.
Влезниците за овој концертен спектакл се во продажба на сите продажни места на КупиКартиЗаСе и онлајн по следниве цени и категории:
- 600 денари – ПАРТЕР
- 800 денари – ФАН ПИТ (само 1000 билети во продажба)
- 700 денари – SILVER SEATS
- 800 денари – GOLDEN SEATS
- 990 денари – ВИП