МК Сцена
ЗА ПОБЕДА ВО „ЅВЕЗДИЧКИ“: Погледнете зошто Мартија стана вистинска сензација во шоуто (ВИДЕО)
Со самото започнување на оваа сезона на “Ѕвездичките на Пинк”, феноменот наречен Мартија стана вистинска сензација за медиумите кои неуморно од првата емисија пишуваа за неа.
“Македонката направи вистински бум на сцената на Пинк”, “Џеј Ло е мал залак за ѕвезда како Мартија”, “Величествена уметност на сцена – Мартија до победа”, “Нашата Мартија растури, Гоца и се поклони, Милан плачеше”, “Милан за Мартија: Ја отпеа Најлоша, но ти овде си најдобра”, “Сите без зборови, таа е светска атракција со вонсериски талент” беа само дел од насловите во печатените и интернет медиумите кои за кратко време од неа направија вистинска македонска ѕвезда.
Македонија досега немала пејачка како што е таа, се согласуваат сите. Нејзиниот беспрекорен талент во пеење и драма, нејзината харизма на сцена, гласот кој хипнотизира, гестовите кои освојуваат, стајлинзите кои се зборуваат… сето тоа ја прави малечката Мартија вистински феномен во талент шоуата кои се појавиле во овој регион.
Комплетна од секој аспект, прекрасна во секоја сфера. Таа е новата Каролина, новата Елена за нашата сцена, таа е новата Џенифер Лопез, новата Ариана Гранде, новата Кристина Агилера на светската сцена.
Преферираше да пее светски хитови кои го фасцинираа жирито, кое многупати и се поклони на маестралните интерпретации за “Take me to church”, “How deep is your love”, “Don’t be so shy”, “Bound to you”, “On the floor”, “Make it rain”, “Uncover”. Но, она кое ја вивна во најдобрите и она што ќе биде нејзино обележје целиот живот е неповторливот настап на песната од последниот филм за Џејмс Бонд – “Writing’s on the wall” од Сем Смит.
Покрај странските песни, таа со подеднаква енергија и емоција ги донесе и песните од ова поднебје како “Џелем, џелем”, “Од мене се одвикавај”, “Ко сам ја”, “Влак” и “Најгора”. За македонските гледачи, ја отпеа и баладата “Тешко без тебе”.
Нè направи горди, со задоволство ја следевме од самиот почеток, навивавме со најголема радост и се воодушевуваме на секој нејзин настап. Затоа единствено што можеме да направиме е да ја поддржиме до големата победа, до патот на светската слава.
https://www.youtube.com/watch?v=dyyKCXoSHUA
Па почитувани читатели, благодарение на вашите гласови, Мартија стигна дотука, и благодарение токму на вашите гласови, таа мора да стигне до целта и да го освои и небото, кое за неа ќе биде лимит. Линиите за гласање се цело време отворени, постојано имате можност да гласате за неа на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:
GLA C16 – за Мартија Станојковиќ
Утревечер на сцената на Пинк и директно на Сител ќе имаме уште една чест да видиме светски настапи на нашата учесничка. За последен пат во ова шоу ќе уживаме во нејзината појава и затоа е важно да ја поддржиме. Македонците со своите таленти успеаа да победат во Икс фактор, Твоето лице звучи познато, Големиот брат, Никогаш не е доцна и Ѕвездите на Пинк. На ред е најголемата победа во “Пинк ѕвездички” – во недела на 3 јули. Затоа, Македонијо гласај за големата победа!