Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЗАБАВА НА ГОДИНАТА: Хардвел со македонскиот национален дрес настапи на „Охрид колинг“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фото: Стојан Стојановски

МК Сцена

ЗАБАВА НА ГОДИНАТА: Хардвел со македонскиот национален дрес настапи на „Охрид колинг“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Забава каква што Македонија не видела досега!

Така накратко може да се опише вчерашната кулминација на второто издание на фестивалот „Охрид колинг“.

Фестивалот годинава привлече голем број на домашни, но и странски туристи поради актуелните артисти кои настапуваа на фестивалската бина.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: ЗДРАВО, ЗДРАВО МАКЕДОНИЈА – АФРОЏЕК ГО ЗАПАЛИ ОХРИД

Први на сцената се појавија Македонците „Кирилик“ кои покажаа дека и македонската музика може да звучи одлично во стилот на светските диџеј ремикси.

Тие беа загревање за специјалниот гостин на вечерта, миленикот на Хардвел, холанѓанецот „Кил д баз“ кој дополнително ја вжешти атмосферата пред фестивалската кулминација.

Хедлајнерот на вечерта беше мегапопуларниот и два пати одликуван број 1 светски диџеј, Хардвел чие појавување на бината беше поздравено со огромен аплауз и овации.

Таканаречениот „хард“ стил кој е главна карактеристика на холандскиот диџеј ја натера неколкуилјадната публика непрестано да игра и скока на ритамот од неговите диџеј миксови.

Инаку Хардвел на сцената се појави со специјално направен дрес од македонската фудбалска федерација на кој пишување „Хардвел број 1“ и беше подарок од организаторите до него.

Во ексклузивно интервју за нашиот медиум Хардвел меѓу другото спомна дека е воодушевен од атмосферата која ја почувствувал во Охрид и слушнал многу позитивни работи за Македонија од другите диџеи кои имавме можност да ги погледнеме во нашата земја низ изминатите години.

Настапот на Хардвел изгледаше идентично со настапите кои ги имал на големите светски фестивали благодарение на ултра модерната технологија, сценските ефекти, пиротехниката и конфетите.

Во еден момент Хардвел го завеа македонското знаме како знак за благодарност за одличната реакција кај публиката.

Честа да го затвори фестивалот ја имаше македонецот Александар Галоски чиј диџеј сет траеше до раните утрински часови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.